И така за прв пат во мојот студентски живот можам да осетам како е да се полага колоквиум/испит… Сега за сега ми е топ, изгледа дека дремам на компјутеров а не се нафаќам да учам материјал што го оставав за ден пред колоквиум
Ај паметен сум јас, барем 6ка ќе извадам хуху! ! ! До сите студенти шти (не) ме читаат нека не се заебаваат како мене да не испадне после џабе дадени 800 еври… ти текнуе ман!?!?
И не ме бива ако не изедам го*на, упс сори, да не искоментирам за нешто или некој… Шо им е на овие професориве од економски бе! Само што завршиле со предавања одма ни лупаат колоквиуми и испити! Нека се огледаат малце на правнициве каде што на своите студенти после завршено предавање им даваат недела одмор за да можат да си научат асално. Уствари што делкам зелени ја бе (кога треба да ги пушам)… Старите викаат, ма кој ги тркала старите ЈАС си викам за себе дека чим сум си одбрал нешто треба до крај да го извршувам и да не му наоѓам мани и да коментирам само… Епа извини Марче ама не може да не искоментираш, нели дури и блогов го направи за ова… Епа да изгледа сум во право, никому ништо со малце мрчење за нешто дадено… Ајт идам јас да бубам деловна етика, ќе станувам морален бизМисмен јеје!